Воспитување

Се чини дека војвотката Кејт и принцот Вилијам нема да го следат морбидното кралско правило

Кралското семејство има цела низа правила што постојат со векови. Некои сѐ уште се релевантни, некои едноставно ги прифаќаме како нормални затоа што ги поврзуваме со реалноста на кралскиот живот, а некои се толку изненадувачки што тврдиме дека не би се согласиле да ги следиме во таа ситуација.

Можеби сте чуле за ова правило, но не сте му обрнале многу внимание – сè додека не почна да се однесува на децата од кралското семејство. Потоа стана малку морничаво. Имено, според ова правило, откако принцот Џорџ ќе го прослави својот 12. роденден, треба да почне да патува одделно од остатокот од семејството. Причината е што принцот Џорџ е иден крал на Велика Британија, а според сегашната традиција, кога наследникот ќе достигне одредена возраст (обично 12 години), тој повеќе не треба да патува со истото превозно средство како оној што е прв во редот за престолот.

Зошто?

За да се зачува линијата на наследување – ако се случи несреќа, барем еден наследник останува безбеден. Можеме да видиме зошто ова е малку морничаво, нели? Иако можеме да видиме дека некогаш било сосема нормално… На пример, принцот Вилијам престанал да патува со својот татко, кога наполнил 12 години. Сепак, се чини дека Кејт и Вилијам ќе го отфрлат тоа правило и ќе продолжат да живеат како порано.

Кралскиот експерт Ричард Еден објаснил дека сè уште ги гледаме Вилијам и Џорџ како патуваат заедно – со авион, хеликоптер или автомобил.

-Ќе биде интересно да се види дали тоа сега ќе се промени бидејќи Вилијам бил разделен на таа возраст – рекол Еден.

Но, според новинарката и уредничка на „Дејли мејл“, Ребека Инглиш, тоа нема да се случи – барем не засега.

-Разговарав со палатата оваа недела и тие рекоа: „Тоа се нови информации за нас“. Имам впечаток дека нема да го променат начинот на кој патуваат.

Еден заклучил дека темата е чувствителна за кралското семејство.

-Тие не сакаат да зборуваат за безбедност или патување, но факт е – станува збор за иднината на кралското семејство. Лично мене ми се чини дека е загрижувачко.

Засега се чини дека принцот Џорџ ќе продолжи да патува со таткото Вилијам и мајката Кејт уште некое време. А правилата? Можеби треба да останат во историјата, каде што им е местото.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор

Поврзани написи

To top