Познатата глумица постигна нешто што на многу родители им е незамисливо – нејзиното дете обожава спанаќ.
Таа ги изненади сите следбеници откривајќи дека нејзината десетгодишна ќерка Марион исклучиво сака да јаде тестенини со спанаќ за вечера.
Повеќето родители бодат борба за во исхраната на децата да воведат зеленчук, па затоа беше изненадување кога познатата глумица сподели фотографија од приготвувањето на оброкот со зборовите: „По барање на Марион – тестенини со билки и спанаќ како прилог. Нема да глумам дека беше тешко да се направи ова“.
Иако таа и нејзиниот сопруг се под будното око на јавноста, максимално ги чуваат децата и ретко споделуваат нивни фотографии на друштвените мрежи.
Во една пригода глумицата објаснила дека растела без многу пари, па си ветила себеси дека кога ќе стане славна, на своето семејство ќе му го дава она што му треба, а не она што го сака.
– Ќе дадам сè од себе секогаш да имате сè што ви треба. За она што ќе го сакате, сакам да се борите, да мечтаете, да работите на тоа и ќе успеете!