Сандра Булок, мајка на две деца, ја почнала постапката за посвојување на својата 8-годишна ќерка Леил кога девојчето имало само две и пол години, а веќе поминала низ три системи на посвојување. Говорејќи во новата епизода на „Ред Тејбол ток“, Булок расправала за тоа како морала да оди на курсеви по родителство за грижа за дете со траума пред да ја доведе Леил дома.
Таа станала мајка во позрели години, истакнувајќи дека со цело срце се посветила на тоа.
– Знаев дека ќе бидам мајка. Знаев дека нема да бидам мајка во младоста – рекла таа. Го посвоила синот Луис во 2010 година, кога имал 3,5 месеци, а Леил ја довела дома во 2015 година.
– Доживеав прекрасно искуство преку системот на згрижување. Беше неверојатно тешко, но имам најпрекрасно дете кое покажува што се наоѓа во тој систем“, рекла таа. Но, не било лесно. „Таа помина 3 различни згрижувачки семејства пред да ја пронајдам јас, а имаше само две и пол години. Тоа е систем кој постои и луѓето за него не знаат бидејќи е тешко да се зборува за тоа. Длабоко е и мрачно.“
Почнала да посетува курсеви за воспитување деца со траума.
– Седеше во орманот со својата облека, на полиците со книгите, се криеше, секогаш беше спремна да замине. Секогаш ми велеше дека ќе си оди. Јас ѝ велев: „Знај дека можеш да отидеш, но јас сум тука. Не одам никаде. Секојдневно гледав поттикнувачи кои не можев да ги идентификувам бидејќи тоа го сфатив лично. Беше многу тешко да се одвојам од тоа и да не бидам повредена бидејќи сѐ што сакаш е љубов, но погодете што? Вашата љубов нема веднаш да го прекине тоа.“

Леил ја криеше храната. Тоа е едноставно дел од преживувањето. Апсолутно опстанување. А нејзиниот дух и тоа што таа е ја турнаа напред, подалеку од стравовите. Тие ќе се појавуваат до крајот на нејзиниот живот, но таа знае дека кога ќе одлучи каде понатаму да се образова, јас ќе се преселам таму. Тоа е шега во нашиот дом – морате да изберете ист факултет ако одите, ист град во кој ќе живеете бидејќи и јас ќе живеам таму – рекла Булок.
Таа додава на Леил ѝ биле потребни години за да ја пронајде својата комфорна зона, која ја постигнале дури пред околу две години и кога тоа конечно се случило, Булок не морала да спие со неа или да седи до неа додека да заспиела.