Децата кажуваат урнебесни работи и многу се позабавни од возрасните.
Тоа што тие го прават е наука. Имаат способност да бидат многу директни и без влакна на јазикот, а истовремено се невино слатки.
Самохраниот татко Сет Мегов навел 10 работи поради кои децата се „покул“ од возрасните и го поткрепил тоа со примери од својот живот.
„Возрасните треба да учат од децата за животот и малку да се разведрат“, напишал Мегов, инаку блогер и самохран татко на четири деца.
10. Водат подобри разговори
Возрасни:
-Дали сте заинтересирани да му се придружите на мојот тим?
– Изгледа ќе врне.
-Дали овој сендвич е без глутен?
Деца:
– Ако размислувам премногу, ми се топи мозокот.
– Сакам смрдливи нозе. Како да имаш супермоќи на твор.
– Знаеш ли како изгледа црвот кога ќе го изедеш, а потоа ќе го покакаш? Затоа што јас знам.
9. Искрени се за прехранбените навики
В1: – Во последно време се хранам здраво.
В2:- А зошто носиш кеса од „Мекдоналдс“?
В1: (по мала пауза…) – Качив автостопер кој јадеше помфрит.
Деца: – Не сум гладен, не ми се јаде. Тукушто изедов цела кеса чипс“.
8. Децата искрено сакаат
Возрасни: -Не можам да го поднесам тој човек. Будала е, здивот му смрди на сирење и слушнав дека краде тоалетна хартија. И уште шири лаги за сите.
Деца: – Лошото дете од моето училиште ми украде покемон-карта. Утре ќе ги земам сите мои карти и ќе му дадам да одбере од тие што не ми се допаѓаат. Мислам дека тогаш ќе биде среќен и нема да краде повеќе.
7. Го прифаќаат и го сакаат своето тело
Возрасни: – Изгледам одвратно. Косата ми изгледа ужасно!
Деца: (Ја крева маицата) – Сакам да имам голем стомак. Кога ќе го удрам да звучи како тапан. А супер е и затоа што ќе имам повеќе место за цртање.
6. Не ги интересира туѓото мислење
Возрасни: – Не одам да танцувам. Нема никој на подиумот и сите ќе гледаат во мене.
Деца: – Тато. Празна е бината! Може да одам да танцувам?
Таткото: – Па би ти рекол да, но тоа не е бина, тоа е место за закоп, на погреб сме.
5. Имаат суперсетила
Возрасни: – Ми се чини дека ова има вкус на пилешко.
Деца: – Знам дека има брокула во супата. Гледам мали парчиња, добар обид.
4. Имагинација
Возрасни: – Мојот живот е досаден… Ми треба брод… ќе си купам брод.
Деца: – Еј тато, тукушто се спуштив низ каналот за дожд на капак за ѓубре. Својот нов брод го нареков „Ѓубралко“ зашто смрди како ѓубре. Толку е забавно!
3. Не им е гајле како ќе испаднат на фотографијата
Возрасните: – Те молам сликај ме од оваа страна на лицето. Подобро изгледам. Исто така, користи добар филтер за кожата да ми изгледа подобро.
Децата: – Направив селфи! Одлично изгледам!
2. Ја сакаат природата
Возрасни: – Со сè доцнам, само види го дворот. Толку е лош што ми се прават дамки од тревата додека проверувам дали стигнала пошта.
Деца: – Но, погледни го сето ова убаво цвеќе што расте! Жолтото цвеќе ми е омилено и сега секој ден ќе кинам по едно за да ѝ носам на учителката.
1. Несовесни се
Возрасни: – Мразам да се возам со лифт. Толку се чудни и неудобни. Секогаш има непријатна тишина.
Деца: (Разговара со личноста што пред малку ја запозна во лифт) – Ако ми дадеш паричка, нема да прднам овде.