Воспитување

Само децата што не слушаат можат да станат подобри од родителите

Некои од најубавите мисли и афоризми за децата ги кажал Душко Радовиќ – поет, писател, новинар и ТВ-уредник. Неговите мисли и денес често се цитираат, а ова се некои од најубавите цитати за нашите малечки:

– Секое дете треба да има барем една сестра или брат, во случај да му недостигаат мајката или таткото.

– Немојте да живеете сто години бидејќи тогаш вашите деца ќе наполнат седумдесет или осумдесет години, па дури тогаш нема да знаете што да правите со нив.

– Блажени се бабите и дедовците што имаат внуци, тешко нам што имаме деца!

– Сакајте ги своите деца дури и кога се виновни бидејќи животот ќе ги казни и кога не се.

– Меѓу нашите деца има големи сиромаси, на кои освен пари, нивните родители не можеле ништо друго да им дадат.

– Тешко е да се биде дете и да се биде добар.

– Ако ги решите сите проблеми на вашите деца, тие нема да имаат други проблеми освен вас.

– Само децата што не слушаат можат да станат подобри од нивните родители.

– Едно предупредување до родителите: ако ги тепате вашите деца, тие ќе ги тепаат вашите внуци.

– За мене, вистински деца се оние што сè уште не одат на училиште, кои штотуку почнуваат да учат, размислуваат и зборуваат. Па, всушност, тие се единствените кои сè уште се здрави, автентични, оригинални и единствените кои сè уште ја имаат зачувано таа оригиналност и во размислувањето и во изразувањето.

– Штом детето оди на училиште, штом сериозно ќе влезе во светот на возрасните – почнува да размислува и да се однесува конвенционално, да усвојува шаблонски формулирани вистини за светот и животот. Тоа е трагична околност за човекот бидејќи ја губи смислата на играњето.

– Нема добри и лоши, само различни деца. И ние треба да се справиме со различни деца на многу различни и деликатни начини.

– Би ни било полесно да воспитуваме деца кога би имале само уши, а не очи.

– Не воспитувајте деца ако не знаете. Подобро е да си невоспитан отколку лошо воспитан.

Автор: Јелена Крамар

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top