На мајките им е најлошо во две ситуации – кога се со своите деца и кога не се со своите деца. И не е тешко да се разбере овој парадокс.
Освен кога е тешко.
Затоа што не знам за кого ме мачи совеста. Заради него, заради себе, заради другите, бидејќи така треба да биде?
А, мене што ми треба? Малку да молчам. Да одам со мое темпо.
Да се облечам само јас.
Да примам лоша вест без насмевка или збор – не е е важно, сè е во ред.
Да немам ништо за ручек. Да си легнам во десет. Да одам во тоалет без отворена врата. Да не станувам додека појадувам.
Да не сакам секогаш да играм. Да плачам кога ми доаѓа да плачам. Да дојдам директно дома. Да не дојдам директно дома.
Да седнам и да ги соблечам чевлите.
Да воздивнам и да не објаснувам зошто воздивнувам.

Да можам гласно да кажам дека ми е полесно кога ќе замине на три дена. Дека не ме боли затоа што ми е полесно.
Сето ова, да се случи само еднаш. Да се почестам себеси.
И да не морам да слушам: „Во мое време…“ Затоа што ова сега е МОЕ време и е многу поразлично од ВАШЕТО време. Јас и ти не мора да бидеме исти, исто како и нашите времиња. Во ваше време жените не се жалеле гласно, туку се жалеле безгласно, во себе, во тишина.
Сега се жалам гласно, за да не го правам истото како и тие.
Автор: Маја Радовиќ