Воспитување

„Сакав да му купам на детето евтини чевли, но се вмеша продавачката“

Децата брзо растат и додека да трепнете, треба да купите нова облека и нови обувки, доколку немате кој да ви позајми, ќе треба да одвоите поголема сума за да ја обновите неговата гардероба. Кога ќе се земе предвид дека поквалитетните детски чевли чинат речиси исто колку и за возрасните, а децата едвај ја поминуваат сезоната, навистина станува прашање колку пари треба да одвојуваат родителите секој месец. И дали спаѓате во групата на оние што се обидуваат да најдат начин да заштедат со купување во аутлет или во поевтини продавници.

На социјалната мрежа „Твитер“ една мајка раскажа што ѝ се случило во продавница и отвори тема за тоа каде и како да се купат детски обувки и облека, без да ѝ се „суди“ за тоа.

„Купувам чевли за мало девојче, а продавачката ми вели: Госпоѓо, тие модели се од лани, од оваа година се на другата страна. Ок, велам, но овие се поевтини. Да, но тие се од минатата година, продолжува таа. Ок, велам, ништо, ќе купам од ланските, па нека ја исмејуваат другите двегодишни деца“, напишала таа во својот твит.

Оваа објава отвори полемика меѓу родителите дали треба да купат детска гардероба и чевли од новата колекција или да бараат поевтина верзија во продажните места или поевтини продавници.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top