Воспитување

Сакал да им го ограничи интернетот на децата, а случајно го прекинал во 2 општини

Родителите се трудат да им го ограничат времето на децата пред екраните. Понекогаш се чувствуваат како да губат контрола, а еден татко, кој живее во општината Месанж во Франција, очигледно бил на работ на нервите со оглед на одлуката што ја донел за да се справи со проблемот.

Имено, според „Франс Блу“, тој купил уред кој ја попречува интернет-конекцијата, чија употреба е нелегална во Франција. Мислел дека уредот едноставно ќе го прекине пристапот до интернет и мобилните мрежи во неговиот дом, а целел само на периодот од полноќ до 3 часот, кога децата честопати се дружат на интернет против негова волја.

„Франс Блу“ објави дека таткото верувал дека неговите деца се зависни од социјалните мрежи. Меѓутоа, додека бил воодушевен од неговото решение и секоја вечер ги прекинувал интернет-врските во својата куќа, тој всушност ги прекинувал за цели две општини.

Соседите почнале да пријавуваат прекини во врската, а истрагата довела до споменатиот татко, по што тој добил пријава и сега му се заканува казна затвор до шест месеци и парична казна од над 30 илјади евра, според АНРФ.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top