Воспитување

Сакајте го детето такво какво што е

Познатиот детски психолог д-р Шефали Цабари ги советува родителите како да ги сакаат своите деца на најубав и најсмислен начин.

Шефали Цибари е детски и клинички психолог со приватна пракса во Њујорк, главно се занимава со свесното родителство и држи стручни предавања низ светот, а гостуваше и во емисијата на Опра Винфри. Автор е на неколку бестселери: „Свесен родител“ (The Conscious Parent), „Надвор од контрола“ (Out of Control), како и книгата „Освестено семејство“ (The Awakened Family).

Во ова видео таа зборува за најдобриот совет што може да им се даде на родителите. „Всушност, никој никого не сака вистински. Сите сакаат условено. Љубовта главно се темели на контрола и страв. Секогаш се работи за нас самите и нашите списоци. Ние веруваме дека ако не го следиме тој список, нашата вредност ќе се намали“.
А кога тоа го правиме со детето кое на овој свет доаѓа со ведар дух и со желба да го сфати животот, ја уништуваме таа негова шанса со списокот кој ни кажува што треба да сметаме дека е успех, неуспех, убавина, постигнување. И му велиме на детето: „Следи го мојот начин или во моите очи ќе бидеш изгнаник“. Тоа поставување правила какво треба да биде детето ги замаглува неговите способности да се развива на свој начин.

„Повеќето родители не ги прифаќаат децата такви какви што се бидејќи не се доволно добри или успешни. Потоа на родителите им покажувам дека причината за таквото однесување е фактот дека самите не се прифатиле себеси такви какви што се. Тука е главна мислата: ‘Моето дете не е она што мислев дека ќе биде’, без оглед дали тоа е успешен фудбалер, фантастичен пијанист или послушен, мал слуга.“

На многу родители што биле воспитувани дека мора да постигнуваат големи успеси многу им е тешко да сфатат дека нивната движечка сила не е нужно органска, туку произлегува од чувството на недоволност, страв, недостаток. Тие само научиле да го компензираат тоа и никогаш целосно не закрепнале од средбата со својата „обичност“.

„Кога на родителите ќе им кажам дека тоа е она што ги придвижува, а тие потоа доаѓаат во контакт со своето дете кое се чувствува обично и недоволно добро во својата обичност, тогаш доживуваат спознание. Потоа ги терам да согледаат како тоа се одразува врз нивното дете“.

 

Поврзани написи

To top