Секое четврто дете е на диета за слабеење, велат научниците, а бројот на деца што се обидуваат да ослабат расте. Сè поголем број ученици се обидуваат да ослабат, а истовремено бројот на дебели деца расте повеќе од кога било.
Студијата спроведена меѓу 34.000 деца помеѓу 1997 и 2016 година покажа дека бројот на оние што се обидуваат да ослабат се зголемил од 22 на 27 отсто. Две третини од дебелите деца и децата со прекумерна тежина се обидуваат да се борат со дебелината. Но, проблемите со имиџот на телото значат дека едно од седум здрави деца исто така се обидува да изгуби тежина.

– Одлично е што децата почнуваат сериозно да ја сфаќаат својата тежина и што родителите стануваат посвесни за опасностите од прекумерната тежина. Важно е да им се пренесат пораки за здрава исхрана и вежбање на малите деца, но јас сум загрижен што здравите деца се трудат да изгубите тежина затоа што знаеме дека порастот на нарушувањата во исхраната е значителен – вели Там Фрај, претседател на Националниот форум за дебелина во Велика Британија.
Во клиниките на Националната здравствена служба на Велика Британија минатата година со терапија започнале рекордни 10.000 млади луѓе. Но, и дебелината кај децата рапидно се зголемува, при што една третина од децата се со прекумерна тежина и едно од седум веќе е дебело до тргнување на училиште.
– Зголемувањето на обидите за губење тежина кај децата со прекумерна тежина или дебелите деца може да значи успех во комуникацијата за важноста на контролата на тежината. Но, зголемувањето на обидите за губење тежина кај децата со здрава тежина е причина за загриженост. Ние се движиме во права насока, но мораме да направиме сè за да спречиме децата со здрава тежина да се фиксираат и да развијат сериозни проблеми – вели д-р Аријати Ахмад од Универзитетот во Оксфорд.