Се трудите секој ден на детето да му биде различен? Рутина мора да постои, па дури потоа креативност.
Иако секој родител се обидува да биде флексибилен во воспитувањето деца, па им дозволува некогаш да ја прескокнат вечерата ако не се гладни, или да одат во кревет подоцна од вообичаено, рутината е всушност многу важна за секое дете. После краток период на негодување, таа всушност ќе му одговара, бидејќи децата сакаат да ги знаат правилата. Затоа е важно возрасните да имаат трпение и да им помогнат на децата да се навикнат на одредени рутински активности секој ден. Психолозите објаснуваат зошто е тоа добро.
Се чувствуваат посигурно
Детето инаку има чувство дека е малечко во однос на светот на возрасните, не го разбира и затоа ѕирка од него. Затоа фактот дека одредени случки ќе се одвиваат со одреден ред, така како што навикнало и очекува, му влева сигурност.
Учат да почитуваат правила
Рутината има вистинска едукативна вредност, бидејќи кога некое правило се претвора во навика, повеќе нема потреба детето секој ден да се потсетува на нешто. Тоа самото оди да ги измие забите, да ја става својата протеза, наутро да го мести креветот, да се измие…Без предупредување од родителите.

Децата не даваат отпор кога го знаат редоследот на случувањата
Детето исто така, помалку дава отпор кога однапред го знае редоследот на случувањата – дека треба да ја прекине играта за да дојде на маса да јаде, или да го исклучи телевизорот за да оди на спиење.
Добиваат на време
Кога правилата се поставени и навиките стекнати, нема повеќе потреба за нив да се зборува или на нив да се потсетува, што значително ја олеснува работата на родителите, но и на децата бидејќи и едните и другите добиваат на време и на енергија. Нема беспотребно расипување.