Воспитување

Руски невролог: Најголемиот проблем на денешните деца се нивните прстиња

Му дозволувате ли на своето дете да ваја глина или да користи ножички?

Рускиот невролог и психолингвист Татјана Черниговскаја, открива зошто е важно во детството многу да работите на развојот на фината моторика кај децата. „Соочени сме со многу тешка задача – се наоѓаме на раскрсница помеѓу лицата кои пишуваат текстови според научни трудови и читаат квалитетни книги и лицата кои читаат хипертекстови, воопшто не знаат да пишуваат, се угледуваат на познати личности и не знаат основна граматика“, вели таа.

Постојано се зборува за тоа каква е денешната младина, дека новите генерации се се полоши, понеписмени… Черниговскаја има објаснување: „Важно е да сфатиме дека ваквите лица има поразличен мозок. Нам тоа ни се чини интересно и изгледа како да нема опасности. Но, опасностите постојат. Ако мало дете кое тргнало на училиште не научило да пишува убаво, ако не се навикне на малечките, деликатни движења со моливот, ако во градинка ништо не вајало, обликувало, ако не знае да ракува со ножички, не знае да наниже бисери на конец, тогаш неговата фина моторика не е развиена“.

Сето тоа подоцна се одразува и на фунцкиите на говорот и дикцијата. Ако на време не ја развиете фината моторика кај децата, подоцна немојте да се жалите што мозокот не им работи – порачала Чермиговскаја.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top