Нова студија покажува дека мајките се под поголем стрес, поуморни се и помалку среќни од татковците.
До неодамна истражувањата покажуваа дека родителството во САД ги прави родителите понесреќни во споредба со некои други развиени земји. Новото истражување од Универзитетот „Корнел“ покажува дека татковците стојат многу подобро кога станува збор за среќата, а на мајките им треба извесна помош.
И мајките и татковците подобро се чувствуваат кога се со своите деца
Истражувачите ги следеле податоците од Заводот за статистика од 2010, 2012 и 2013 година, вклучиле 12.000 родители и над 36.000 активности и споредувале како се чувствувале родителите трипати во текот на денот (по случаен избор на времето).
Во текот на тој период родителите биле оценувани колку се среќни, тажни, дали се под стрес, дали се уморни и колку биле смислени нивните активности. Истражувачите споредувале како се чувствувале родителите додека вршеле активности без присуство на децата, а резултатите покажале дека и мајките и татковците подобро се чувствувале кога биле заедно со своите деца отколку без нив.
Мајките се под поголем стрес и се поуморни
Според ова истражување, мајките биле помалку среќни, под поголем стрес и поуморни додека биле со децата отколку татковците. Научниците веруваат дека главна причина за тоа е видот на активноста што ја прават со децата, квалитетот на сонот и слободното време.
Можеби овие резултати можат да се гледаат како потврда на стереотипот дека татковците се посреќни бидејќи имаат помалку обврски околу децата. Меѓутоа, денешните татковци поминуваат речиси четири пати повеќе време со своите деца отколку минатите генерации татковци.
– Двојките можат заедно да се обидат да го променат своето родителство, но тоа не е вистинското решение. Треба колективно да се промисли што очекуваме од татковците, а што од мајките – објасни Кели Мјузик, коавтор на студијата.
912