Родителството не е единствениот пат до низок крвен притисок – секојдневното вежбање и исхраната со малку сол значително помагаат.

– Иако грижата за децата вклучува секојдневни проблеми, се покажа дека наоѓањето смисла и цел во сите животни ситуации е поврзано со подобро здравје – вели Џулиен Холт-Лунстад, психолог кој ги проучува односите и здравјето.

Во истражувањето учествувале 198 возрасни лица кои носеле преносни апарати за мерење на крвен притисок, во периодот од 24 часа.

Мониторите правеле мерења во случајни интервали во текот на денот – дури и додека учесниците спиеле. Овој метод обезбедува подобар увид во вистинскиот крвен притисок на една личност од ден на ден. Читањата добиени во лабораторија може да бидат неточни бидејќи луѓето имаат трема во клинички услови. Станува збор за вистински феномен познат како „ефект на белиот мантил“ и може да ги искриви резултатите од истражувањето.

Статистичката анализа им овозможи на истражувачите да земат предвид и други фактори за кои е познато дека влијаат врз крвниот притисок – како што се возраста, телесната маса, полот, вежбањето, работата и пушењето, како и влијанието на родителството. За родителите севкупно, 24-часовните отчитувања на крвниот притисок беа во просек 116/71.

Во исти услови, родителите постигнале 4,5 поени пониски од оние без деца во систолниот крвен притисок (највисок) и 3 поени пониски од оние без деца во дијастолниот крвен притисок. Холт-Лунстад вели дека разликата е статистички значајна, но предупредува да не се прават големи животни промени само врз основа на ова откритие.

– Ова не значи дека колку повеќе деца имате, толку ќе ви биде подобар крвниот притисок. Наодите едноставно се поврзани со родителството, без оглед на бројот на децата или работниот статус – вели Лунстад.

Извор



912

X