Игротека

Родителство без разубавување – исповед на млада блогерка

Познатата блогерка и мајка Гилиса Џејн одлучила отворено за зборува за сето она што многу родители го премолчуваат, а нејзината објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ стана многу популарна на интернет.

Таа споделила искрена исповед за мајчинството и го признала сето она за кое многу мајки молчат. Нејзината објава била споделена повеќе од 70 илјади пати, па ви ја пренесуваме во целост:

Никој не ми кажа дека е совршено нормално што не сте го „сакале“ вашето бебе првиот пат кога го видовте и кога ви го ставија во прегратки. Тоа е ОК. Исто се чувствував и кога ја видов својата плацента околу бебето и навистина не ми беше до галење со него во моментот.

Никој не ми кажа дека шиењето таму долу ќе боли повеќе од самото породување.

Фотоизвор: Фејсбук

Никој не ми кажа дека доењето толку боли. Дали е тоа нормално? Секој што ќе каже дека не би требало да боли, половина е во право. Доколку постои болка, тоа е знак за лоша лактација, но и знак дека нешто толку силно ја влече вашата брадавица. Потребно е да помине недела или две за таа болка да се смири. А тогаш вашиот партнер да може да ве фотографира, бидејќи конечно ќе се смеете слатко и нема да бидете бесни.

Никој не ми кажа дека сите ќе имаат мислење за моето бебе – како да ја хранам, како да ја облекувам, какво име да ѝ дадам, како да ја заспивам, зошто треба да се заспивате само пет секунди дневно инаку ќе биде разгалена и ако ја држите в раце 24/7 не сте добра мајка итн.

Никој не ми кажа дека навистина веќе никогаш нема да бидам сама. Тука се вбројува и вршењето голема нужда, но и бричењето, на кое моето дете присуствува. Особено кога малку ќе пораснат, па ќе влезат додека се депилирате таму долу, а вие се молите да не добијат траума од тоа до крајот на животот.

Никој не ми кажа дека тогаш кога ќе се навикнете да не бидете сами, ќе ви недостигаат дури и кога спијат бидејќи се толку слатки. Толку слатки! Ги отвори очите? Бегај, бегаааај!

Никој не ми кажа дека јадењето бисквити и пиењето чај е здрава диета. Зашто не е! Но, ви помага да го истуркате денот, па кому му е гајле.

Никој не ми кажа дека бебето ќе направи понекогаш да го мразам сопругот. Дека понекогаш повеќе ќе сакам да се галам со детето. Но, никој не ми кажа и дека ќе посакам да умрам од среќа кога ќе го видам како си игра со бебето.

Никој не ми кажа дека наспроти тоа што порано мислев дека ништо од ова не ќе можам да го направам, моите инстинкти сепак нема да ме изневерат. Сите се снаоѓаме, кај некои тоа изгледа полесно, кај некои потешко.

Никој не ми кажа дека ќе има моменти кога ќе се плашам, ќе се чувствувам чудно и како тоа да не сум јас. Мислев дека тоа  не смеам никому да го кажам, бидејќи никој така не се чувствува, а потоа ги споделив овие зборови и видов дека така се чувствуваат илјадници од вас.

А тогаш ми рековте дека ова не трае засекогаш. Дека некогаш ќе се врати и сакате да побегнете, но сите до еден рековте дека само станува подобро! Полесно! Дека ќе пролета! Дека вреди!

Поврзани написи

To top