Истражување покажало дека родителското „прегорување“ е можна појава кај секој родител, без разлика колку деца има. Како што објаснуваат експертите, тоа е состојба на интензивна физичка и емоционална исцрпеност, која е резултат на стрес предизвикан од родителските должности или обврски.
Иако не се разликува многу од класичниот замор и стрес, некои од знаците на родителска исцрпеност се поинтензивни благодарение на тоа што во повеќето случаи можеме навреме да ја препознаеме. Тие знаци се:

-чувство дека ни треба оддалеченост од децата
-голема исцрпеност која не поминува ниту по одмор
-засилен или послаб апетит
-ненадејни промени во расположението
-склоност кон депресивни мисли
-чувство на изолација
-немање мотивација за секојдневните задачи или избегнување на обврските
-главоболка
-болки во зглобовите и мускулите
-знаци на опсесивно-компулсивно однесување, на пример, прекумерно чистење
-недостиг на концентрација и фокус.
Во малку поретки случаи, родителите што се исцрпени може да доживеат и слабеење на имунитетот, што ги прави склони кон настинки и други потенцијални болести.