Воспитување

Родителски трик од „Тик-ток“ – одлична лекција за одредување на границите

Кујните и малите деца можат да бидат опасна комбинација. Секоја вечер, кога се обидувам да зготвам вечера, исто така изигрувам чувар на рерната поради моите две малечки момчиња, на возраст од 1 и 3 години. Тоа е причината што ме натера да го применам виралниот трик на една мајка за држење на нејзиното малечко надвор од опасната зона во кујната.

На „Тик-ток“ една мајка објавила видео од нејзиниот син како го чува подалеку од шпоретот користејќи едноставен предмет за домаќинството. „Кому му треба капија кога имате сликарска лента?“ Мајката го објавила видеото додавајќи: „Пробајте го ова со вашите малечки“.

Прилично е фасцинантно да се види нејзиниот син како чекори напред-назад од другата страна на сината линија, односно се придржува до означениот под. Таа буквално создала граница која нејзиното дете не смее да ја премине.

Наставниците, исто така, коментирале дека методот на поставување лента е ефективен и на училиште, при што во еден од читателите има споделено: „Имаме бирократска линија во нашата училница (нашата лична област), верувале или не, децата го почитуваат тоа и не го преминуваат најголемиот дел.“

Јас верувам дека објаснувањето зошто поставувам граница дава голем резултат. Дури и ако моето едногодишно дете не разбира сè што зборувам, бидејќи постојано му кажував дека рерната е топла и може да се повреди, тој полека почнува да сфаќа.

Автор: Мелиса Вилетс

Извор

Поврзани написи

To top