Советувањето, грижата за децата и здравствената и социјалната грижа се на врвот на листата на кариери најдобри за семејствата, тврдат новопечените родители во Обединетото Кралство.

Истражувањето спроведено на 2.000 вработени родители на деца на возраст помеѓу 2 и 17 години откри што најчесто бараат младите родители кога ќе се вратат на работа – првенствено работа од дома и флексибилно работно време.

Останатите индустрии кои на новите родители им нудат задоволителни услови и рамнотежа помеѓу работата и животот вклучуваат работни места во сметководството, организација на настани, човечки ресурси и асистенција во наставата.

Од друга страна, истражувањата покажуваат дека работните места на полицаец, адвокат или новинар се на дното на листата со кариери во кои работодавците се приспособуваат на младите родители. Откриено е дека речиси половина од родителите, 48 отсто од нив, сакаат да работат во средина повеќе наклонета кон семејството, а само 18 отсто сметаат дека нивното враќање на работа по раѓањето на детето поминало изненадувачки добро.

Родителите сакаат разбирање од шефот и неработни викенди

Истражувањето покажа дека 34 отсто од новите родители најмногу го ценат работодавецот кој има разбирање, а 40 отсто од нив како важна ставка ги наведуваат добрите односи со колегите на работа. Иако 57 отсто од испитаниците тврдат дека нивните приоритети не се променети откако станале родители, дошло до одредени промени.

48 отсто од младите родители не сакале да работат прекувремено откако добиле дете, додека 44 отсто од нив одбиле да работат за време на викендите. Речиси една третина од испитаниците, поточно 31 отсто, целосно ја промениле кариерата.

Извор



912

X