Воспитување

Родителите несвесно ја поттикнуваат неодговорноста кај децата

Да воспитуваме одговорни деца и млади е една од главните цели на секој родител. Разбирањето за исполнувањето на сопствените обврски ќе им донесе голема предност во иднина. Меѓутоа, понекогаш возрасните со своето однесување ненамерно поттикнуваат неодговорност кај своите деца.

Не им дозволуваме на децата самите да донесат одлуки

За да им го всадиме чувството на одговорност, неопходно е да им дадеме доволно простор за донесување одредени одлуки. Младо лице не може да биде одговорно ако тоа не му е дозволено.

Недефинирање јасни правила

Многу пати она што сметаме дека е неодговорност произлегува од недоволно јаснотија во нашите правила. Важно е правилата да се јасни за нашите деца да може да ги следат.

Не им дозволуваме да ги доживеат последиците од неодговорноста

Еден од најголемите проблеми е што не им дозволуваме на децата да ги доживеат последиците од своето однесување. Во обидот да ги поштедиме од страдање и проблеми, на крајот им ја одземаме можноста да научат вредни лекции.

Не сме доследни во примената на последиците

Во текот на воспоставувањето дисциплина мораме да бидеме внимателни за доследно и кохерентно да ги примениме последиците. Детската неодговорност често е последица на фактот дека детето не е казнето за невниманието. Затоа, ако одредиме дека недоаѓањето дома до 22 часот резултира со викенд без излегување, не можеме и не смееме често да правиме исклучоци или да се премислуваме во последен час.

Не ги контролираме сопствените емоции

Важно е родителите да можат да одржуваат дисциплина без чувство на емоционален недостиг на контрола. Родителите мора да научат да ги регулираат сопствените чувства, но не треба да му викаат на детето или физички да го казнуваат. Ако сметате дека вашето дете се однесува неодговорно, обидете се тоа да го решите со разговор. Пред да го обвините детето, обидете се да откриете во кој дел би можеле да го подобрите својот стил на воспитување. Можеби правилата не се доволно јасни или можеби не им давате простор и самодоверба кои им се потребни за да ви покажат дека може да бидат одговорни. Обидете се да бидете трпеливи, мирни и оставете ги да ги научат последиците. Ова е најдобар начин младите луѓе да искусат одговорност. Со заедничка работа ќе можете да воспоставите позрело и поавтономно однесување.

Извор

Поврзани написи

To top