Објава на една мајка на популарната платформа за родителство „Мамснет“ предизвика жестока дебата за модерното родителство и за границите што родителите им ги поставуваат (или не ги поставуваат) на своите деца на јавни места.

Во анонимна објава, мајката на три деца ја изразила својата фрустрација од она што таа го гледа како „опуштено“ воспитување. Таа признала дека сè уште се сеќава на предизвиците кои ги носи раѓањето деца, но не разбира зошто некои родители денес се однесуваат како да не гледаат проблем во тоа што нивните деца ги попречуваат другите.

Мајката опишала посета на парк каде што нејзината осумгодишна ќерка се обидела да ужива во денот, но наишла на многубројни пречки поради несовесните деца и пасивноста на нивните родители.

„Гледаа и ништо не направија“

Додека девојчето го градело својот замок со песок во голема кутија, малечките неколку пати го срушиле она што го направила, без никаква интервенција од родителите.

-Ниту еден од родителите не реагираше – напишала таа.

Покрај тоа, ќерката наишла на деца кои формирале долги редици на тобоганот и им пречеле на другите користејќи ја трамбулината и играјќи на опремата во паркот.

-Родителите изгледаа целосно несвесни за фрустрацијата што нивните деца им ја предизвикуваа на другите – додала таа.

Го споменала и бебето кое лазело по подот од кафулето кое за малку ќе предизвикало несреќа кога келнерот ќе паднел над него.

„Вака учат децата – но со наша помош“

Во објавата мајката истакнала дека разбира оти малечките не се виновни, но смета дека е важно да ги научиме на основите на однесувањето, како што е чекањето на ред, токму на таа возраст.

-Да, тоа е напорна работа, но децата така учат. Факт е дека многумина не воспитуваат деца, туку создаваат чудовишта – напишала таа.

Дискусијата на „Мамснет“ покажала поделени мислења. Додека некои корисници го поддржале мислењето на авторот и го критикувале денешниот „попустлив“ начин на воспитување, други ги бранеле родителите на децата на таа возраст. Еден корисник истакнал дека проблемот лежи токму во опуштеноста на современите родители: „Има премногу деца кои прават што сакаат и кога сакаат, а нивните родители само ги гледаат“.

Сепак, не сите се согласуваат со критиките на родителите. Еден корисник напишал: „Ми се чини дека само што заборавивте како е да се има дете на таа возраст“.

Други корисници забележале дека децата, кога се мали, поминуваат низ фази на развој што многумина сè уште не ги разбираат целосно.

„Луѓето кои се навредени од однесувањето на малите деца треба да се запрашаат колку знаат за детскиот развој“, додал еден родител.

Извор



912

X