Со денови имав чувство дека пропуштам нешто важно.
Потрагата по таа непозната компонента, која ја немаше, ми предизвикуваше чувство на непријатност. Го барав тоа „нешто“ во музиката, книгите, филмовите и на крајот во другите луѓе, но залудно. Изморена и безнадежна, замолкнав и полека се помирив со фактот дека не можам да го најдам тоа што го барам. И тогаш забележав како чувството на непријатност се стопи само од себе.
Тогаш ми беше јасно сѐ. Си недостигав сама на себе. Во одреден момент на невнимание светот ме одвлече од себеси. И јас бев насекаде и бев за сите, а веќе немав време, а ниту сила за себе. Сега знам, нема да се оставам без себеси. Нема страдање за ништо и никого што може да се спореди со тој болно вознемирувачки трепет на душата, заборавен од личност која се занела и мислеше дека без себеси, можно е да најде нешто вредно.
Родителите што работат напорно заработуваат многу, но децата страдаат, желни се за прегратки и разговори.
И душата во човекот исто така. Таа копнее по нас, додека ние се навраќаме на лажниот сјај што го создадовме во екстаза и верувавме дека тој може да биде повреден од изворот од кој потекнува целата таа екстаза…
Автор: Бранкица Дамјановиќ