Ако го храните вашето бебе со адаптирано млекo, многу е важно да знаете еден трик, односно да избегнете грешка што ја прават повеќето луѓе, а поради која може да се зголеми бројот на грчеви кај бебето.
Процесот на правење вештачко млеко е многу едноставен, а точната количина на прав и вода треба да се следи според упатствата дадени од производителот, кои се напишани на кутијата за млечна формула. Меѓутоа, онаму каде што огромното мнозинство родители грешат е начинот на кој ја тресат подготвената храна.
Ако сакате да избегнете вашето бебе да внесува повеќе воздух за време на хранењето и поради тоа да му се зголемат грчевите, никогаш не тресете го шишето нагоре-надолу бидејќи на тој начин се создаваат меурчиња.
Најправилен начин е со кружни движења да се измешаат млечната формула и водата во шишето, за да не се создаде вишок воздух и бебето подобро да ја свари храната.
Погледнете во видеото: