Игротека

Родители се пошегувале со видео: Веќе не бараме дадилка за бебето, позицијата е пополнета

Емили и Џеф Мејб се брачен пар кој одгледува австралиски овчарски кучиња, а едно од нивните кучиња ги воодушеви корисниците на „Инстаграм“. Овој пар споделил видео од нивното куче Дасти како држи шише млеко во устата од кое пие нивното бебе, а потоа се пошегувале во објавата дека ја пронашле совршената дадилка за своето дете.

-Позицијата за дадилка е пополнета. Ви благодариме за сите апликации, но го пронајдовме совршениот кандидат. Со задоволство објавуваме дека избраната дадилка е сакан член на нашето семејство единаесет години – напишале тие во објава на „Инстаграм“.

Погледнете ја целата сцена подолу.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top