Генералната слика што ја имаме за тинејџери со главите наведнати врз нивните телефони и се движат низ густ сообраќај без да внимаваат – сега изгледа дека е единствениот начин на кој избираме да размислуваме за децата. Повеќе не ги гледаме децата како иднина, освен ако не можеме да им прикачиме лоша прогноза за уништување на животот каков што го знаеме.

Кога зборуваме за „денешните деца“, зборуваме за мобилни телефони и видеоигри, а нашиот глас за увереност го покрива она за кое сме сигурни дека е резултат на нивната опседнатост со себеси и неспособност да се справат со што било без уредот во нивните раце. Ох, ние паметните возрасни, знаеме сè, зарем не?

Смешно е како возрасните забораваат дека тие беа генерацијата која ја донесе дигиталната темна доба. Нашата генерација е една од оние што ги донесоа производите, а сега децата ги живеат своите животи според она што ние им го дадовме. Зарем не очекувавме дека тие ќе се вклучат во прогресот?

Зарем не креиравме храбар нов свет за нив? Зошто сме толку шокирани што гледаме 15-годишни деца навлезени во нивниот мал технолошки свет и зошто ги нарекуваме губитници? Ние го изградивме ова училиште – а децата само одат во него. Слушам сè повеќе возрасни како ги критикуваат децата за пишувањето пораки и користењето на мобилните телефони. Како користењето на мобилниот телефон да е сега синоним со тоа да се биде идиот – да ве прашам следното:

Дали мислите дека денешните деца не го чувствуваат недостигот на доверба што го имаме кон нив?

Како тие да не влегле во нивните тинејџерски животи изградени врз неодобрувањето на нивните родители, па пораката гласела: „Еве ти телефон. Не прави ништо со него освен да ми се јавуваш. Ако го користиш за што било друго, ти си идиот без иднина. Ако испраќаш пораки, можеш да заборавиш на одењето на колеџ. Но еве ти телефон“. Проблемот не е во тоа што ние сме ги опремиле децата со телефони, бидејќи се разбира дека ние сме тие што трошат средства за да им купат на децата „ајфон“, „ајпад“, „икс бокс“ итн. – проблемот е во тоа што ние само претпоставуваме дека тие ќе немаат иднина зашто ги користат таквите нешта.

Човештвото докажува повторно и повторно дека средство број еден му е адаптибилноста. Тоа значи дека секоја генерација ја критикува следната генерација – Зошто никогаш не се претпоставува дека тие деца некако можеби ќе го најдат лекот за канцерот додека ги гледаме како „зјапаат“ во телефоните секој ден? Поентата е дека не е секое дете морон. Технологијата е нивното поле сега, таму тие се социјализираат, добиваат информации, споделуваат информации. И да, некогаш се користи и се злоупотребува, се навлегува во неволји и се троши време, но тоа не е затоа што се млади, туку затоа што се луѓе. Ако сакаме иднината да биде блескава, мораме да оставиме да опстои идејата дека и децата имаат внатрешно чувство за тоа што е погрешно, а што е правилно, како и ние. Никој не сака свесно да си го уништи животот и децата не седат на телефоните со план и шема за себедеструкција. Тие се на своите телефони бидејќи ги имаат – бидејќи сите деца имаат телефони.

Па, знаејќи ја историјата на човештвото, сето она низ кое сме поминале и сме го создале, дали одненадеж се гледаме себеси како истребен вид бидејќи мислиме дека денешните деца ќе нè однесат дотаму? Вау. Сега тоа звучи како голема одговорност која се намалува. „Тие го направија тоа! Тие глупави деца. Во мое време…“ Кога сакате дете, вие му велите: „Сакам само да те видам среќен/а“. Тоа никогаш не треба да се преведе во „Сакам само да те видам среќен/а во согласност со она што јас мислам дека е среќа“. Среќата е индивидуална и субјективна. Ако возрасните денес не започнат да се будат и не сфатат дека старите начини веќе не се релевантни, денешната младина ќе биде целосно неразбрана и во одредена точка, нема воопшто ни да се грижи.

Време е да прифатиме дека нашите деца можеби се оние што ќе го „спасат светот“ од сценариото што ние сме им го дале

Ова е променет свет. Не се 90-тите години. Работите се променија. Возрасните треба да се разбудат. Ова се нарекува еволуција. Она што децата ни го носат е реалниот нов бран на човештвото на Земјата. Ако вашето дете успеало да го надмине периодот кога носело пелени, ќе го најде и патот за излегување од „тинејџерскиот дуксер“, а можеби ќе го најде патот и до големите успеси… Ако ние не им ја трескаме вратата од светот во секоја пригода. Да си направиме услуга и да се обидеме да мислиме дека детето тинејџер има потенцијал, а не само да ги критикуваме децата зашто не се како нас. Вашето дете не е вие.

Вие сте тие што го зголемуваат сомневањето, го притискате детето да биде нешто што не е. Едноставно оставете го да си биде личност сама за себе. Во нашата природа е да се приспособуваме и да еволуираме. Потребно ни е тоа како вид, како индивидуи. Време е да прифатиме дека нашите деца можеби се оние што ќе го „спасат светот“ од сценариото што ние сме им го дале.

Автор: Дори Хартли

Извор



912

X