Воспитување

Родители, престанете да ги правите овие работи

Д-р Никол Буркенс е детски психолог, автор на неколку книги за образование, поранешна учителка и мајка на четири деца. На нејзината страница на „Инстаграм“ секојдневно споделува совети за родителите. Таа е брутално искрена, што на некои не им се допаѓа. Но, таа не се откажува, па составила листа од пет работи кои родителите треба веднаш да престанат да ги прават. Сите ние сме ги направиле повеќето од нив барем еднаш. И тоа е сосема во ред, сѐ додека сме спремни да учиме и да ги признаеме нашите грешки.

Пет работи што родителите треба да престанат да ги прават

Престанете да очекувате вашето дете да прави работи за кои не е развојно зрело. Малите деца ќе бидат активни и гласни. Помладите деца на училишна возраст, исто така, понекогаш ќе имаат неприфатливо однесување или моменти на фрустрација. Тинејџерите ќе донесат некои лоши и импулсивни одлуки. Сето тоа е нормално однесување.

Престанете да ги обвинувате децата за „лошо однесување“ без да го преземете вашиот дел од одговорноста за тоа. Вие сте возрасните. Вие сте лидер. Ако вашето дете е емоционално нерегулирано или фрустрирано премногу често, вие имате голема улога и треба да ја разберете.

Престанете да го негирате фактот дека храната и начинот на живот играат огромна улога во однесувањето и функцијата на мозокот на вашето дете. Ако влезе „ѓубре“, ќе излезе „ѓубре“. Внесете газирани пијалаци, слатки и грицки, многу време пред екранот, доцно спиење и минимална физичка активност во животот на вашето дете и ќе добиете лошо однесување, нервоза, вознемиреност и чести изливи на бес. Во ред е ако не ви се допаѓа ова, но така функционираат работите.

Престанете да верувате дека е доволно вашите деца да бидат одлични ученици и дека тоа ќе им гарантира успех во животот. Идниот „успех“ (што и да е тоа за вас) многу малку зависи од традиционалното учење. Ако ги присилувате децата да функционираат онака како што бара системот и ако видите дека тоа не е вистински раст, учењето нема да им значи ништо во иднина.

Престанете да мислите дека сте лош или неспособен родител затоа што вашето дете ги води своите битки или затоа што не сте сигурни што да правите. Тешко е да растеш. Воспитувањето деца е тешко. Продолжете да учите и продолжете да се обидувате бидејќи тоа е единствениот правилен начин.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top