Децата често ги потценуваат своите родители и мислат дека можат да ги кријат тајните од нив. Но, овие вознемирувачки приказни, од нив некои прилично мрачни, го покажуваат токму спротивното.

За да откријат колку родителите навистина си ги познаваат децата, уредниците на „Хафингтон пост“ побарале од нив да кажат некои тајни што ги откриле за сопствените деца. Еве некои од нив.

– Мојата ќерка има 15 години и е активна сексуално. Ја однесовме во болница и дознавме дека има генитален херпес. Таа рече дека веројатно го добила од валканата тоалетна хартија на кампување минатиот месец. Не верував во тоа, но ѝ реков дека ѝ верувам. Пред неколку дена ѝ го зедов мобилниот (беше под казна поради друго) и прочитав пораки дека спиела со седум врсници, па префатила херпес од некој од нив.

– Минатата година, со сопругот не можевме да станеме од кревет во период од два месеца. Бевме толку поспани што не стигнувавме навреме за работа. Години подоцна дознавме дека нашата ќерка нѐ дрогирала за да може да излегува. Некој од нас можеше да умре, а таа мисли дека целата ситуација е смешна.

– Вчера најдов работи за дрогирање во собата на мојата 16-годишна ќерка додека ѝ го местев креветот. Скршена сум и не знам како да ѝ пријдам на ситуацијата.

– Мојата сопруга го фрлаше ѓубрето од бањата и забележа дека мириса. Зедов да ја исчистам корпата, па ја испрскав со средство за дезинфекција. Следната недела го почувствував истиот мирис. Кога ја зедов корпата за отпадоци за да ја испразнам, од неа истече жолтеникава течност со непријатен мирис. Веднаш сфатив дека станува збор за стара урина. Единствен осомничен беше мојот син, бидејќи јас и мојата сопруга ја користиме бањата во нашата спална. Одлучивме да го фатиме на дело. Додека седевме во дневната и се преправавме дека гледаме телевизија, нашиот син се упати кон бањата. И двајцата отидовме и го фативме како уринира во корпата за отпадоци. Кога го видов и го прашав зошто, не ми одговори. Дури наредниот ден разговараше со мене. Ми рече дека се чувствува добро што го прави тоа од причина што не можеше да ја објасни.

– Во март мојата 15-годишна ќерка почна чудно да се однесува. Се прејадуваше и постојано носеше широки панталони додека еден ден не ја однесов на лекар на редовна контрола, за лекарот да ми каже дека е бремена 6 месеци. Останав без зборови од шок.

– Еден викенд со жена ми седевме и гледавме телевизија, кога нашиот 11-годишен син влезе и рече дека неговиот 13-годишне брат гледа порно на неговиот таблет. Отидовме и го прашавме најстариот син, што секако, негираше. Но, во историјата на веб-пребарувачот најдовме дека навистина гледал порнографија со Скуби Ду.

Извор



912

X