Воспитување

Родители оставаат Сири и Алекса да им ги научат децата да користат нокшир

Навиката за користење нокшир е макотрпна задача за која понекогаш се потребни месеци. Сепак, на некои родители им е полесно благодарение на помошта од паметните асистенти, како што се Сири и Алекса. Според „The ​​Sun“, има мрзливи, но практични мајки кои на своите пријатели на социјалните мрежи им кажуваат за генијалните уреди што ги имаат дома. Овие уреди очигледно функционираат толку добро со малите деца бидејќи тие ја стекнуваат навиката за користење нокшир.

Една мајка на „Фејсбук“ објаснила како семејниот уред „Amazon Echo Dot“ го потсетува нејзиното дете да го користи нокширот на секои 40 минути. Мајката рекла дека тоа всушност го намалува притисокот од нејзините обврски и ја елиминира можноста од дебакл со нејзиниот син. Сепак, не сите мајки се согласуваат со идејата да ги користат Сири и Алекса за навикнување на користењето нокшир. Иако се чини дека тоа им го олеснува овој процес на мајките, тоа исто така значи дека тие не треба да се исклучуваат од социјалните мрежи за да се грижат за потребите на своето дете бидејќи „паметната“ помош може да се справи со тоа.

Потребна е конзистентност во обуката за користење нокшир

Едно нешто што може да е предност кај Сири или Алекса е доследноста во тренирањето. Сепак, родителите мора да бидат вклучени во водењето на нивните деца, кои сè уште ги учат своите телесни сигнали.

Експертот за родителство Рејчел Фиц-Десоргер изјавила дека рутината не мора да биде точен распоред бидејќи има денови кога децата не мора да мочкаат повеќе отколку што се веќе навикнати. Наместо тоа, најважниот дел од тренинзите за користење нокшир е да им се дозволи на децата да се развијат и да ја разберат потребата кога треба да мочкаат или какаат.

Фиц-Десоргер, исто така, вели дека тренинзите за нокшир може да бидат успешни, но некогаш може да бидат промашување. Несреќи може да се случат во секое време, дури и ако нивната обука е конзистентна, но тоа не треба да биде извор на фрустрација или грижа. „Ова е патување, а не трка“, вели таа. „Затоа, не паничете ако веднаш не се однесуваат соодветно“, додала таа.

Направете го тренингот за користење нокшир забавен

Професионалниот тренер за користење нокшир, Трејси Фулвуд вели дека децата никогаш не треба да се поткупуваат за да го користат тоалетот. Некои мрзливи родители велат: „Ако го користиш нокширот, ќе ти ја купам оваа играчка“, бидејќи мислат дека тоа ќе го елиминира потрошеното време и ќе го скрати процесот. Сепак, Фулвуд вели дека поткупот е давање контрола на децата кога тоа не е она што им е потребно. Тие мора да ги научат границите од самиот почеток и да научат да го користат тоалетот правилно.

Родителите, исто така, треба да направат учењето за користење на нокширот да биде забавно, со тоа што процесот ќе го претворат во игра. Дозволете им на децата да одвојат време за користење на нокширот и не кратете го траењето на процесот или самото користење да биде резултат на заповед, бидејќи тоа ќе ја одземе радоста од самото искуство за учење и премин кон нивната независност.

Автор: Лили Скот

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top