Игротека

Правете ги овие 3 работи и децата секогаш ќе ви се доверуваат

Колку пати сте се обиделе сериозно да разговарате со вашето дете, а на крајот сте добиле само „Не знам“ или тивко „Ок“? Наместо разговор, ништо.

Ако сте родител, голема е шансата дека барем еднаш (или сто пати) сте се обиделе да разговарате со децата за важна тема и на крајот сте зажалиле што воопшто сте почнале разговор. Можеби ве игнорирале, можеби сте поставиле десет паметни прашања, а сте добиле едно големо „не знам“.

Ви звучи познато? Добрата вест е дека постојат мали, но моќни трикови кои целосно можат да го променат начинот на кој комуницирате со вашето дете.

Одвојте време насамо за важни разговори

Децата навистина не сакаат изненадувања (освен ако не вклучуваат пица, подароци или излет). А уште помалку сакаат да им поставите прашања кога се покрај брат, сестра или некој друг. Затоа, договорете мирен момент само за вас двајца. Кога детето знае дека го слушате и дека неговите чувства се важни, полесно ќе се отвори.

Изберете вистински момент

    Не отворајте сериозни теми кога детето е гладно, уморно, нервозно, има главоболка или чека порака од симпатија. Почекајте момент кога детето е опуштено и подготвено за разговор. Обрнете внимание на малите сигнали: тон на глас, израз на лицето, држење. Научниците велат дека децата многу полесно разговараат со родители кои знаат да „слушаат помеѓу редови“.

    Бидете искрени и споделете ги своите чувства

      Споделете како сте се чувствувале вие кога сте биле дете, што ве мачело, каде сте направиле грешки, од што сте се плашеле. Децата треба да знаат дека не сте суперхерој без грешки. Кога сте автентични, станувате блиски и човек од доверба, а тоа ги охрабрува и тие да се отворат.

      Експертите ова го нарекуваат „позитивно изразување на емоции“ – кога родителот ги покажува своите чувства и истовремено ги прифаќа детските без осудување. Во такво опкружување децата учат како да ги препознаваат, како да ги изразуваат и како да се справуваат со своите емоции.

      Извор

      Поврзани написи

      To top