Воспитување

Родители и учители, школото на животот е нашата должност

Ова се работите што морате да ги им ги кажете на децата ако сте учител или родител:

– Струјата на возовите убила многу деца што баш тука си играле.
– Многу момци скокале од мост со желба да се докажат – станале инвалиди.
– Во затворена гаража не смее да се седи во запален автомобил.
– Немојте да стоите во близина на пламен, ветрот може да го нанесе кон вас.
– Не оставајте ја пеглата покрај отворен прозорец по пеглањето, ветрот може да ја мрдне завесата, па да се запали.
– Не одете сами по мрачна улица, па дури и да е двојно пократок патот.
– Пред излегување од домот проверете ги пеглата и шпоретот, дури и ако не сте ги користеле.
– Кој прв наутро излегува од домот, нека ги заклучи оние што спијат.
– Кога патуваш, парите подели ги на три места.
– Научи ги броевите на итна помош и полиција во земјата во која патуваш.
– Објасни му на детето дека постојат луѓе што многу заработуваат навредувајќи го нашиот род (голи пејачки, проститутки, останати циркусанти).
– Научете ги никогаш да не влегуваат во туѓ дом без ваше знаење и дека никогаш нема да испратите по нив некоја личност, освен луѓето од списокот (нека има и 20 луѓе на списокот).
– Да не кажуваат каде живеат и да не доведуваат никого дома.
– Да внимаваат што потпишуваат и секогаш да ги прочитаат ситните букви.
– Дрогата прво ќе ти ја дадат бесплатно, некој близок и ќе ти рече дека ништо нема да се случи.
– Ако некој се заканува дека ќе ти го убие семејството, веднаш кажи им на родителите бидејќи постои решение.
– Услугите се ретко бесплатни, прашање е само како ќе ги платиш. Внимавај да не те заробат со „услуга“.

Дајте им љубов и научете ги дека животот не е бајка. Тогаш тие ќе станат подобри од вас

Благодарение на читателите, овој список значително е зголемен.

– Кога се сами, не треба да пуштаат дома ниту позната личност, доколку родителот не го најавил нејзиното доаѓање.
– Да го научат бројот на телефон барем на едниот родител, адресата, името и презимето, во случај да се изгубат во толпа и да не знаат кому да се обратат, па да ги кажат основните податоци.
– Да не даваат телефонски број секому.
– Да не прифаќаат непознати пријатели на социјалните мрежи, да не комуницираат со секого.
– Да водат сметка за тоа што и колку треба да се пие на забавите.
– Да не се наведнуваат низ прозорец, главата е потешка отколку што мислат.
– Да не се обидуваат да ја сушат косата со фен додека седат во наполнета када.
– Да погледнуваат уште еднаш кога поминуваат улица, дури и кога е зелено светло.
– Секогаш да имаат пари за такси кои нема да ги трошат.
– Да не проверуваат со дланката дали ринглата е вклучена.
– Никогаш да не влегуваат во автомобил со непознати луѓе за да им покажат каде се наоѓа нешто.
– Да го извадат мобилниот телефон од полнач додека се бањаат.

Продолжете ја низата!

Напомена: Воопшто не се сеќавам дека во текот на образованието ме предупредиле на вакви опасности, а учев физика и хемија до ниво на гадење на училиште. Затоа сме лоши на ПИСА-тестирањата.

А родителите можеме да ги прозиваме до утре, но и понатаму нивниот премногу напорен ден ќе трае само 24 часа и никогаш нема да ги знаат сите училишни предмети и сите опасности и сите дроги и сите предизвици и сите „јутјубери“. Има ли уште некој што е одговорен за децата во оваа земја?

Што е со медиумите, што е со безбројните Заводи за оваа и онаа заштита?

Потребата за внимание и докажување е покренувач на многу катастрофи – била и ќе биде, а со користењето на интернетот сега е помножена со милион.
Да се едуцираме едни со други. колегите што работат во училиште, ги молам да го препишат овој список и да имаат бонус-теми за следните 100 часа како класни раководители, а најслаткото ќе дојде кога возрасните ќе упатуваат пофалби: „Јас тоа уште како дете го научив, тоа ми го кажа мојата класна“.

Автор: Снежана Голиќ, педагог

Поврзани написи

To top