Метју Стјуарт неодамна добил бебе со својата сопруга. Популарноста ја стекнал со правење видеа од врската со сопствената баба, а по доаѓањето на бебето почнал да покажува како изгледа грижата за новороденче. Така тој во трогателно видео покажал колку е тешко да се врати на работа по истекот на татковското отсуство и да ги остави сопругата и детето дома.
„Прв ден назад на работа“, ѝ вели Метју на својата сопруга, која го држи новороденчето в раце. „Збогум“, одговара неговата сопруга гледајќи во бебето. „Ве сакам“, им вели таткото на жената и детето, а потоа ја покажува својата сопруга како тивко почнува да плаче. „Сѐ ќе биде добро“, ја теши, иако и во неговиот глас има тага. И двајцата родители тешко се справуваат со фактот дека Метју цел ден ќе биде далеку од нив. Видеото, кое има повеќе од 2 милиони прегледи, завршува со сцена во која Метју седи во автомобил со солзи во очите и размислува за претстојниот ден.
„Ова беше тешко“, вели новопечениот татко.
Гледачите му честитале што ја покажа реалноста на одвојувањето од новороденчето.
„Поминав низ тоа, но како самохрана мајка која требаше да го остави бебето со дадилка. Плачев цел ден“, напишала една жена.
„Ова и мене ме расплака и ме врати во времето кога поминував низ истата ситуација“, додал друг корисник.