Веруваме дека родителите треба да бидат искрени со своите деца. Искреноста е секогаш најдобриот избор. Истото го очекуваме и од нашите деца, па затоа би било исправно да им возвратиме на ист начин. Мора да бидеме искрени со нашите деца. Секогаш. Или можеби речиси секогаш? Постојат некои ситуации, и сигурни сме дека секој родител може да се сети на барем неколку од нив, во кои мала, безопасна, бела лага е подобра од вистината. Особено кога функционира и не му штети никому…
Неодамна, поранешниот професионален фудбалер Мет Лејнарт ги прашал родителите на „Тик-ток“ какви лаги им кажале на своите деца.
-Кажете ми ги најголемите лаги што им ги кажувате на вашите деца. Не зборувам за Дедо Мраз или за велигденското зајаче. Ги сакам оние лаги што ќе ги носите в гроб – рекол Лејнарт на шега.
Еве неколку одбрани лаги, кои веруваме ќе сакате да ги позајмите за вашите сопствени ситуации.
-Ѝ кажав дека новите заби што растат создаваат нови вкусови. Сега се обидува да открие која нова храна ќе ја сака секојпат кога ќе излезе нов заб.
-Секоја сообраќајна несреќа што некогаш сме ја поминале беше затоа што децата се тепаа на задното седиште.
-Кога на нивните таблети им треба ажурирање, морам да ги испратам директно до „Амазон“ и немаме поим колку време ќе потрае – денови, недели, месеци. Всушност, таблетите се во мојот плакар и само сакам децата да бидат надвор, да скокаат наоколу и да фаќаат инсекти.
-Ѝ кажав на ќерка ми дека секогаш кога дете ги лаже своите родители, очите му светнуваат… а сега, ако лаже, секогаш трепка!
-За секој залак зеленчук на вечера, можеа да останат будни 5 минути подолго. Но, тие навистина не знаеја колку е часот.
-Можете да одите во „Чаки Чиз“ само ако сте поканети на роденденска забава. Не знаеме никој што бил таму, па…
-Ѝ кажав на ќерка ми дека можам да го отворам багажникот на автомобилот со очите. Додека одевме до автомобилот, трепкав додека притискав копче во џебот.
-Пред да знам да читам, мајка ми ми кажуваше дека на секој знак во продавницата пишува „сите деца мора да ги чуваат рацете зад грб“.

-Ако не сакав да споделувам, им кажував на моите деца дека сè што јадам/пијам е премногу зачинето за нив.
-Верувај ми: не сакаш да си ја изгориш устата.
-Им кажав на моите деца дека куклите во излозите всушност биле деца кои избегале од своите родители во продавницата и се таму засекогаш.
-Не растеш ако спиеш во креветот на твоите родители.
-Им кажав на моите деца дека одиме во Дизниленд. Потоа ги одвезов до изгорен магацин и им реков: „О, не, Дизниленд изгоре“, и се вративме дома.
Автор: Наташа Крстичевиќ