Пејачот Роби Вилијамс одлично се приспособува на улогата на татко на четири деца.
Популарниот пејач бил снимен како ужива во мирисот на новороденчето додека го држи в раце.
„Какво е чувството, тато?“, го прашува сопругата Ајда, додека тој седи во трпезаријата на нивниот дом. Роби само погледнува во камерата и ѝ намигнува на сопругата.
„Прекрасен момент“ – напишала Ајда на објавеното видео.
Обожавателите на Роби и Ајда и нивните следбеници се воодушевени од оваа нова објава, особено затоа што имаат можност накратко да посведочат на овој сладок момент во домот на славната двојка.
„Тој е толку сладок“, коментирал некој од обожавателите.
„Фан сум на вашиот сопруг 20 години и никогаш не сум го видела во вакво убаво издание, ве сакам семејство Вилијамс“ – напишал друг корисник.
„Какво намигнување, моето срце не може да го издржи ова“ – се нижат коментарите.
фото: Инстаграм
На Денот на вљубените Ајда ги сподели возбудливите вести на „Инстаграм“ дека малиот Бо Бенедикт Ентовен му се приклучил на семејството. Бо е братче на 7-годишната Теодора Роуз, 5-годишниот Чарлтон Валентајн и едногодишната Колет Џозефин.
„Уочи ја разликата“, напишала Ајда на „Инстаграм“ кога објавила дека имаат нов член на семејството. „Сакаме да ја славиме љубовта на најубавиот начин… Бо Бенедикт Ентовен Вилијамс!“ „Како и Коко, тој е биолошки наш, но роден преку истата неверојатна сурогат-мајка. Благословени сме што го имаме нашиот здрав син, кој е безбеден во нашите прегратки и нè комплетира како семејство“ – напишала Ајда.
Автор: Пип Линколн