Кога првпат стануваме родители, тоа е нешто сосема ново за нас. Без разлика колку знаеме за другите деца, без разлика колку сме биле во контакт со други родители, без разлика колку сме читале за родителството – секогаш има некои работи што нè изненадуваат за родителството. А понекогаш она што нè изненадува е како ние самите се менуваме.
Актерот Роберт Патинсон споделил во своето ново интервју дека бил изненаден од тоа колку се променил откако ја презел новата улога – улогата на татко. Актерот доби девојче со свршеницата Суки Вотерхаус во март 2024 година, а сега даде интервју за списанието „Икона“.
-Имам многу повеќе трпение. Смешно е, дури и не е трпение, навистина уживам да поминувам време со бебиња. Тоа ме изненади – изјавил актерот.
Тој додал дека татковството го направило „понормален“.
-Смешно е како почнувате да водите вистински, нормални разговори – за работи како училиште или градинка… толку е чудно. Како да постои гравитациска сила која те влече…
Патинсон претходно зборувал за својата ќерка и открил дека не сака да се фали, но дека таа е поспано дете, и тоа е така уште од раѓање, на што многумина сигурно завидувале. Тој открил дека не изостанува од ниту еден дел од родителството и дека е дури и навистина добар во менувањето пелени.
-Јас сум експерт за прикриено менување пелени, кога бебето дури и не знае дека му се менува пелена – изјавил Патисон.
А дека е навистина „луд“ по родителството, покажува и фактот дека тогаш открил оти би бил целосно спремен да направи детски филм и дека секогаш е отворен за сè.