Многу се зборува за негативното влијание на високите потпетици врз здравјето. За жал, нема некои разлики и за време на бременоста. Обувките со висока потпетица за време на бременоста, односно во време кога ’рбетот веќе е оптоварен, го изложуваат на дополнителни проблеми – изложеност на повреди на долниот дел на грбот, но не е само тоа во прашање. Чевлите со високи потпетици за време на бременоста може да значат и скратени Ахилови тетиви, метатарзални болки, калуси или истегнување на глуждот.

Како и многу болести кои, доколку не се лекуваат, предизвикуваат дополнителни непријатни последици врз здравјето, болките во грбот предизвикани од несоодветни обувки дополнително се комплицираат. Високите потпетици (за време на бременоста, но не само тогаш), го вкочануваат ‘рбетот, што по подолго време предизвикува болка која се движи нагоре, предизвикувајќи вкочанетост во вратот и напнатост во рамената.

И покрај сите овие можни проблеми, постојат познати личности кои и покрај предупредувањата, носеле високи потпетици за време на бременоста. Една од нив е Сара Џесика Паркер – застапничка на високите потпетици. Нејзината склоност кон високи потпетици била критикувана од тогашните експерти.

Вреди да се запамети дека за време на бременоста добиваме тежина и нашиот центар на гравитација се менува. Носењето високи потпетици го отежнува одењето, а паѓањето може да биде опасно. Затоа, според многу експерти, особено околу 25. недела од бременоста, високите потпетици треба да се заменат со удобни чевли со рамен ѓон, кој обезбедува стабилност.

Извор



912

X