Јаготките им се омилено овошје на многу деца.
Иако се здрави и вкусни, важно е постепено да ги внесувате јагодите во исхраната на вашето дете поради алергиските реакции. Порано се сметаше дека јагодите не треба да им се даваат на децата пред нивниот прв роденден, но најновите упатства на СЗО укажуваат дека освен млекото и медот, во исхраната на бебето треба порано да се воведат сите намирници што можат да предизвикаат алергии. Секако, треба да му давате јаготки на вашето дете умерено и постепено, во помали количини, по можност наутро. Исто така, се препорачува јагодите да бидат термички третирани при првото давање.
За најмалите што веќе ја вкусиле сладоста на јагодите, особено за оние поголеми од една година, ви пренесуваме 3 одлични рецепти кои сигурно ќе ги воодушеват. Еве како да направите домашен сок и две каши од јагоди:
Домашен сок од јаготки
Состојки:
300 г јаготки
1 лажица мед (за деца постари од една година)
1 лажица свежо исцеден сок од лимон или лимета
Приготвување:
Јаготките исчистете ги и измијте ги, исцедете го сокот од лимон или лимета. Ставете во блендер и додајте мед, па мешајте додека не добиете хомогена смеса и послужете.
Каша од јаготки и банана
½ сечена банана
3-4 свежи, зрели јаготки (измиени)
1 лажичка грчки јогурт
Приготвување:
Соединете ги сите состојки во блендер и мешајте додека смесата не се соедини. Префрлете ја кашата во садот за хранење и нахранете го бебето со слатка и освежителна каша.
Каша од јаготки и јаболка
Состојки:
1 чаша јагоди (сечкани)
1 јаболко (излупено, исчистено и исечено на коцки)
Приготвување:
Овошјето ставете го во тенџере и варете го на силен оган две минути. По две минути намалете ја топлината и варете го овошјето уште пет минути. Тргнете го тенџерето настрана додека смесата не се излади. Вареното овошје истурете го во блендер и миксајте додека не добиете хомогена смеса. Погрижете се да нема грутки.
912