Кога непозната личност на социјалните мрежи ѝ напишала на Мелани Борден дека „изгледа уморно“, таа не се навредила, туку достоинствено ја прифатила критиката.
Оваа извршна директорка на компанија која продава луксузни автомобили е и мајка на две ќерки. Во нејзината популарна објава на „Линкдин“ напишала:
„Да, уморна сум. Во име на сите родители во светот велам – сите сме уморни. Особено зафатените, вработени родители. Надвор од работата, јас сум мајка. Децата се мој приоритет“.
Таа за „Добро утро, Америка“ објаснила дека го објавила одговорот за да им покаже на вработените мајки дека не се сами.

„Како мајки, веќе сме премногу строги кон себе. Сакав да покажам дека не треба да се чувствуваме лошо поради тоа како изгледаме“, рекла таа. Борден истакнува дека добила стотици пораки од мајки по нејзината објава.
„Покрај пандемијата, имаме и стандардни грижи, како што се ноќни будења, болести и слично. Многу сум горда што изгледам уморна како мајка и вработена жена“, гласи една од нив.