Ново истражување спроведено на 2.000 мајки и татковци чии деца го напуштиле домот покажало интересни резултати.
Анкетата покажала дека речиси половина од родителите се согласиле оти им недостигаат децата, но и дека нивниот однос сега е подобар од порано, кога сè уште живееле под ист покрив.
Студијата покажала дека дури 90 отсто од родителите ја поддржуваат желбата на нивното дете да се исели од семејниот дом, но не сакаат да биде оддалечено повеќе од 20 километри. Слично на тоа, 53 отсто од родителите патувале со своите деца во текот на денот на иселувањето, а 15 отсто престојувале во хотел во близина за да се уверат дека нивното дете е добро сместено.
Студијата открила и дека 36 отсто од родителите продолжиле да ја преуредуваат спалната соба на детето откако се иселило, додека 28 отсто од нив ја уредувале просторијата за да биде поудобна кога детето ќе дојде на одмор, објасниле авторите на споменатата студија. 29 отсто од родителите откриле дека нивните деца доаѓаат дома барем еднаш неделно.
912