Дури и најдобро воспитаното дете понекогаш може да покаже некое лошо однесување, дрско да им одговори на родителите или да им каже нешто лошо. Клиничкиот психолог д-р Беки Кенеди на неговиот инстаграм-профил објави видео во кое ги советува родителите како да реагираат во такви ситуации.

– Без разлика колку години има вашето дете, треба да ги знаете овие три реченици кои се најдобриот одговор на детската грубост или дрско однесување. Тоа ќе ви помогне да ја намалите напнатоста и да продолжите со позитивната интеракција – нагласува д-р Кенеди.

„Те слушам, сигурно си вознемирен штом така зборуваш со мене. Знам дека си добро дете дури и кога кажуваш некои работи кои не се баш убави. Знам дека постои друг начин да ми го кажеш тоа што го сакаш, па те молам обиди се повторно.“

– Знам што си мислите во моментот: дали треба да му дозволам на детето да се однесува дрско? Не, вие се однесувате како возрасен со тоа што не дозволувате да влезете во борба за моќ и не дозволувате дрскоста да ескалира. Сигурно дека е подобро чувство да кажете: „Не можеш така да се однесуваш со мене, нема телефон вечерва!“

Но, сите знаеме дека таквиот одговор на родител само ќе го направи однесувањето уште подрско. Ова воопшто не е ефикасно и треба да се однесуваме како возрасни – вели психологот.

Извор



912

X