Некои изрази се чести и сите ние во одредени ситуации ги користиме, но многу работи што им ги кажуваме на децата не оставаат впечаток каков што сакаме. Напротив, некои вообичаени реченици може да предизвикаат сосема спротивни, честопати несакани реакции. Речениците во продолжение не треба никогаш да им ги кажувате на вашите деца затоа што со нив им нанесувате штета.

„Не се прави така, остави ме мене“ – Примамливо е да му помогнете на детето да направи нешто тешко, но потребно е време за да научи да биде независно.

„Што не е во ред со тебе?“ – Овој израз може да биде добар доколку го кажете со сочувствителен тон, но проблемите се јавуваат кога користите лут тон.

„Не знам како ќе ги платиме сметките овој месец“ – Минувате низ тежок финансиски период? Потрудете се да не дозволите децата да знаат за тоа.

„Со вежбање ќе стигнеш до совршенство“ – Постојаното повторување на оваа фраза може да изврши голем притисок врз него, а испраќа порака дека ако направи грешка, не вежбал доволно напорно.

„Можеш да бидеш што сакаш“ – Секако, родителите сакаат нивните деца да имаат големи цели, но не е секогаш мудро да му кажете дека може да биде што сака.

„Многу си чувствителен“ – Да му кажете на детето дека е „пречувствително“ е вообичаено однесување на родителите без љубов, бидејќи тоа ефективно ја префрла одговорноста и вината од неговото однесување.

„Тогаш ќе те оставам тука“ – Ако вашето дете не сака да си оди од домот на другарчето или паркот, не користете ја оваа фраза затоа што може да направи детето да се чувствува несигурно.

„Остави ме на мир“ – Да, вашето дете понекогаш може да ве полуди, но ако му кажете да ве остави на мир, тоа ќе му наштети на неговиот став за тоа како го поминува времето со вас.

„Многу ме налути“ – Најважната задача на родителот е да остане смирен без оглед на тоа што се случило. Покрај тоа што често кажуваме нешто за што подоцна се каеме, ако останеме смирени, влијаеме врз однесувањето на нашите деца.

„Немој да јадеш, ќе се здебелиш“ – Кога станува збор за тоа како да ги натерате децата да се хранат здраво, науката е јасна: фокусирајте се на придобивките и одличниот вкус на здравата храна, а не на негативните перцепции за тежината на детето.

Извор



912

X