Воспитување

Реченици што не смеете да им ги кажувате на своите ќерки

Тешко е да се одгледува ќерка. Светот е полн со застарени очекувања за девојчињата, културните пораки се фокусираат на обликот на нивните тела и вредноста на нивниот изглед како коментар на нивната вкупна вредност. Нивното водење низ адолесценцијата и пубертетот со недопрена самопочит не е лесна задача. Работата да биде уште полоша, добронамерните родители често прибегнуваат кон вообичаените фрази со кои се обидуваат да ги објаснат општите однесувања или да поттикнат доверба. Овие фрази всушност може да направат повеќе штета отколку корист, вели семејниот терапевт д-р Лаура Фројен. Ова се неколку фрази, според неа, кои родителите би требало да избегнуваат:

„Тој те задева затоа што те сака“

Според Фројен, ова е една од најштетните пораки што родителите може да им ги кажат на своите ќерки. Девојчињата мора да знаат дека ако некој ги сака, кон нив треба да се однесува достоинствено и со почит.

„Биди добра“

Не е толку во прашање намерата на таа фраза, туку колку е прекумерна. „Со тоа ги учите девојчињата своите чувства, желби и потреби да ги ставаат на последно место. Тоа придонесува младите девојки и жени да не сакаат да ги прашуваат родителите за она што го посакуваат само затоа што од мали нозе ги учеле да бидат добри“. Тоа значи дека децата не би смееле да имаат добри манири. „Нека бидат посвесни за она што се случува околу нив наместо да ја имаат таа општа насока да бидат убави и добри“, вели Фројен.

„Момчињата секогаш ќе бидат момчиња“

Оваа стара фраза е штетна од повеќе причини. Но, кога девојчињата го слушаат тоа, може да бидат натерани да се чувствуваат многу немоќно за да направат каква било промена или да одредат граници. „Таа порака им кажува на девојчињата дека ако поставуваат граници со момчињата – на пример ако сакаат момчињата да ги задеваат на игралиште – дека тие не мора да слушаат. Од момчињата би требало да ги имаме истите очекувања за одговорност како и од девојчињата“, вели Фројен.

„Слаба си!“

Коментирањето на телото во кој било контекст, негативно или позитивно, на крајот е штетно за децата. „Секој коментар за изгледот на детето има потенцијал да биде деструктивен за сликата за сопственото тело, особено за девојчињата. Што е подобра опција? Ако сме надвор и луѓето на мојата ќерка ѝ велат дека е убава, јас велам – Да, но таа е и силна и сака да зборува за самовили“, вели Фројен. Се работи за насочување на вниманието на она што навистина би требало да биде важно.

„Добро сторено“

Ова не е лоша фраза, но проблемот е во нејасноста. „Неспецифичните пофалби едноставно не се од помош за децата во поголемиот дел од времето. Исто така, фокусот е на резултатот наместо на самиот процес на изработка или вложен труд“, вели Фројен. Ако, на пример, детето работело на некој математички проблем со кој имало тешкотија, но продолжило да се труди и вие му речете: „Добро сторено“, вие всушност не обрнувате внимание на фактот дека тоа за него било тешко и дека вложило значителен труд.

„Ти си многу убава!“

„Многу родители тоа го велат ова бидејќи сакаат на тој начин да ја зајакнат самодовербата кај своето дете“, вели Фројен. Но, истражувањата покажуваат дека тоа оди многу подалеку. Ќе доведе до тоа девојчето да мисли дека изгледот и убавината се најважни и дека сѐ се вредува според тоа. Фројен вели дека другите луѓе ќе го коментираат изгледот на вашите ќерки, и тоа е повеќе од доволно. Родителите мора да бидат меѓу ретките луѓе што нема да го коментираат нејзиниот изглед и јасно ќе кажат дека тоа нема никаква врска со нејзината вредност како личност.

Автор: Лизи Френсис

Извор

Поврзани написи

To top