Среќата, но и самодовербата и издржливоста на децата се најголемите цели на многу родители, но поради брзиот начин на живот и многубројните обврски, можеби не секогаш можат значително да влијаат врз реализацијата на овие цели.
Сепак, постојат некои фрази кои можат да помогнат. Едукаторката за родители, мајка и психолог за деца Џејми Блох споделила пет фрази кои родителите можат да ги користат за да ги научат своите деца да се сакаат себеси и да бидат храбри:
„Дали знаеш колку сакам да бидам твој родител?“
„Сакам да поминувам време со тебе, ти си многу посебен/а за мене“.
„Секогаш имаш толку добри идеи. Сакам да слушам што имаш да кажеш. Ти благодарам што ги сподели твоите размислувања со мене“.
„Дури и кога не сме заедно, мислам на тебе и те сакам“.
„Знам колку си способен/а и сакам да знаеш дека секогаш ја имаш мојата поддршка. Верувам во тебе“.
-Важно е да ги научиме децата да се сакаат уште додека се мали, бидејќи тоа е многу важно за менталното здравје. Кога децата имаат позитивна слика за себе, тие имаат поголема веројатност да развијат здрави односи, да бидат издржливи и да водат исполнет живот. Можеме да ги поддржиме нашите деца да градат љубов кон себе со тоа што ќе ги сакаме и гласно ќе ги изговараме зборовите на љубов што ги имаме за нив. Љубовта е моќна емоција која може позитивно да ја промени личноста. Колку повеќе сакаме некого, тој повеќе ја гледа својата вредност и почнува да се сака себеси – истакнала едукаторката во објавата.
Додала дека споделувањето пораки на љубов со децата може:
-Да им помогне да се гледаат себеси како вредна личност.
-Да им даде сила да бидат храбри и да знаат дека некој верува во нив за да можат и тие да веруваат во себе.
-Да им овозможи да бидат во ред со повремени грешки.
-Да создадат чувства на радост и припадност.
-Да им даде безусловна поддршка.
-Никогаш не заборавајте колку е моќна љубовта и колку е важно вашите деца да слушнат и чувствуваат љубов од вас – заклучува Блох.