На родителите не им е секогаш лесно кога треба да им помогнат на своите деца да научат за животот преку искуство. Некои лекции ги учат природно, други со родителски надзор и може да биде предизвик да се препознае што е правилно и како да се пристапи на одредена ситуација. Не добиваме прирачник за деца, но понекогаш можеме да наидеме на прекрасни примери за добро родителство кои покажуваат како се прави тоа. Еден таков пример доаѓа од Роберт. Роберт ја учел својата 5-годишна ќерка Обрин да вози скејтборд, па ѝ поставил мала патека за да може да вежба. На инстаграм-видеото Роберт ги споделува своите разговори со Обрин откако таа падна.

Роберт комуницира со емпатија и охрабрување, што на неговата ќерка ѝ го дава токму она што ѝ е потребно за да се соочи со своите стравови и да истрае во она што го сака.

Дури и неговото првично прашање откако таа падна: „Дали се исплаши или се повреди?“ ѝ помогна да стане посвесна за тоа што всушност чувствува, но и тој да одреди како најдобро да ѝ помогне. Роберт го објасни својот став.

– Да се проба нешто ново може да биде тешко, но да се вратиш и да се држиш до тоа може да биде страшно. Морав да ја вратам нејзината доверба и таа мораше да ја изгради својата самодоверба потоа. Беше тешко, но убаво искуство. Ова е една од најголемите психолошки битки со кои се соочуваме како луѓе бидејќи штом тоа негативно искуство ќе се вкорени во нашиот мозок, многу е тешко да се ослободиме од него. Од лично искуство знам дека лошиот пад може да има долготрајни психолошки ефекти и јас навистина верувам дека, кога е можно, најдобро е да станете и да се обидете повторно со цел да го завршите она што го правите со позитивно искуство; да не остане таа негативна меморија во вашата глава до следниот пат кога ќе одлучите да обидете се повторно.

Често ме прашуваат: „Како знаеш што да кажеш во овие моменти?“ и вистината е дека апсолутно не знам што да кажам. Кога ќе ја видам како паѓа, го губам здивот, но само се обидувам да останам смирен и да ѝ го одвлечам вниманието поставувајќи прашања и коментирајќи додека ја набљудувам. Емоциите на родителите (во зависност од тоа колку инстинктивно реагирате) честопати ќе влијаат врз емоционалниот одговор на детето и мојата цел е да го отстранам моето влијание и да ѝ дозволам да чувствува, да доживее со свое темпо, а тоа ми овозможува подобро да разберам како таа навистина се чувствува во овие клучни моменти.

На крајот само одговарам од срце – заклучува тој.

Извор



912

X