Воспитување

Реакцијата на една мајка откако синот скршил стакло е многу важна лекција за сите

Самохраната мајка и блогерка Кетрин Флеминг ја споделила приказната за нејзиниот син и стаклото што тој случајно го скршил во нивниот дом. Нејзината приказна ќе ве инспирира!

„Ова е мојот ходник од минатата среда.

Скршен, остар, подмолен.

Ова беше мојот ходник.

Ова го направи мојот син.

Понекогаш, многу често, всушност, работите се кршат – не се поправаат. И тоа ви го одзема здивот – моментално.

Тоа ми се случи кога син ми влезе во бањата, фрустриран, лут. И тогаш реши толку силно да ја тресне вратата, што стаклото автоматски падна и се распарчи на милион парчиња.

Бев мирна. Го преживеав тоа и длабоко воздивнав. Го извадив кучето во дворот за да не се исече на стаклото и од истата причина ја ставив мачката в подрум.

Застанав во дворот и почувствував како солзи ми се тркалаат по лицето. Неверојатно е колку можете да се чувствувате осамени како родител во овие ситуации. Сфатив колку сум исплашена и разочарана. Дали ова навистина се случи? Да, се случи!

И додека стоев, земајќи го предвид развојот на неговиот карактер, ги слушнав неговите солзи, преку глас што доаѓаше од бањата. Неговата душа страдаше. Ниту тој не го очекуваше тоа.

-Здраво лутино – не се сеќавам дека сум те поканила кај мене дома.

Засрамен. Загрижен. Исплашен. Преплашен.

Земи длабок здив мајко-воинке. Земи длабок здив. На таа мала кревка душа ѝ требаш сега. Му треба најдоброто од тебе. Твоето целосно сочувство. Му треба нежната и прекрасна љубов што ја има само мајката. Земи длабок здив и оди.

Оди! Оди и влези во куќата. Полека помини кај скршеното стакло, оди во бањата и погледни го. Погледни го в очи и кажи му колку го сакаш, кажи му дека го сакаш најмногу на светот. Неговото лице исто така е црвено и полно со солзи, но одеднаш тој вели: „Мамо, никогаш повеќе нема да го направам тоа. Многу ми е жал.“ Сега плачеме уште повеќе.

Мама силно го прегрнува. Го става во својот скут за да се исплаче. За и таа да се исплаче. Гледа колку тој всушност сака да биде сакан, колку е безбеден со мајка си. Колку ли е кревок.

Те сакам.

На безбедно си.

Јас сум тука.

Најлошиот дел заврши.

Јас сум тука.

Те сакам.

Оди мајко и кажи му дека лутината е моќно чувство. Тој има право на лутина, на бес. Заедно ќе исчистиме, важно е да почувствува како е да се биде лут, но и разочаран.

Дали постои подобар начин да покажете колку се длабоки вашите чувства.

Тука сум да ти помогнам, ти си безбеден со мене.

Нема да бидеш сам во својот гнев.

Нема да бидеш сам во твоите стравови.

Јас сум тука. Ние сме заедно.

Сега ќе го исчистиме скршеното стакло заедно.

И го исчистивме скршеното стакло. Беше тивок, замислен и внимателен.

Затоа што понекогаш работите се кршат. Понекогаш ги кршиме. Не е важно кршењето. Она што е важно е како реагираме на скршените работи.

Дали нè убива? Не, тоа само ни создава чувство на вина.

ИЛИ

Дали ни помага да ги разбудиме нашите најдлабоки чувства? Дали нè прави да чувствуваме дека правиме нешто правилно или погрешно?

Да, мајки! Одете и земете го вашето дете. Научете го! Покажете му! Тоа се вика љубов!“

Извор

Поврзани написи

To top