Алејна Гун ги насмеала корисниците на „Инстаграм“ со преслатко видео од реакцијата на нејзиниот син Бен Атлас кој првпат пробал сок од портокал. По мајчиното млеко и водата, слаткиот Бен конечно добил шанса да го проба омилениот сок на многу луѓе, а се чини дека и самиот станува обожавател.
Штом испи голтка од сокот, лицето на Бен Атлас се разлева во насмевка и тој почнува возбудено да вреска и да ја моли мајка си за уште.