Игротека

Видео: „Разговорот“ помеѓу едногодишно девојче и нејзиното маче го освои интернетот

Една мајка од Мичиген откри дека нејзината едногодишна ќеркичка сè уште не составува цели реченици, но совршено зборува на јазикот на мачките.

Видеото кое Инa, мајка на две деца, го објави на нејзиниот тик-ток профил стана вирално благодарение на неодоливата комуникација меѓу нејзината ќерка и нивното маче по име Мици. На снимката девојчето се обидува да ја покрие Мици со ќебенце, а потоа започнува „разговор“ полн со мавтање и мјаукање. Додека девојчето мјаука, Мици ѝ возвраќа како навистина да се разбираат.

Ина вели дека нејзината ќерка уште на десетмесечна возраст почнала да ја имитира мачката.

– На почетокот тоа беше тивко мјаукање, но со време стана сè посигурна во својот мачешки јазик – вели таа.

Денес Мици и девојчето имаат секојдневни „муабети“, а најинтересно е тоа што Мици често ѝ одговара гласно – како да навистина комуницираат.

Извор

Поврзани написи

To top