Се натпреваруваа вкупно 6 кјубери од Македонија и секој од нив ги подобри своите лични рекорди во сите категории

Огромен успех постигнаа македонските решавачи на Рубикови коцки, популарно познати како кјубери, на неодамнешниот натпревар во Софија, соседна Бугарија. Особено децата. На овие натпревари учествуваат и деца и возрасни во иста категорија, а во Софија имало над 100 учесници. Се натпреваруваа вкупно 6 кјубери од Македонија и секој од нив ги подобри своите лични рекорди во сите категории.

Александар Арсовски и Александар Дуклески

Првпат на ваков голем натпревар двајца наши натпреварувачи освоија медали. Осумгодишниот Ѓорѓи Чешмеџиевски се закити со сребрен медал за решавање на скјуб коцката, а Дуклески со бронзен медал за решавање на мегаминкс.
Нашите учесници на натпреварот во Софија се натпреваруваа во седум категории и остварија одличен пласман. На главниот настан на натпреварот, решавање на коцката 3×3, има двајца финалисти, тринаесетгодишниот Александар Дуклески, кој освои 5. место, и 25-годишниот Александар Арсовски, кој беше на финално 10. место.

Ѓорѓи Чешмеџиевски

Во исто време беа срушени македонските рекорди во сите 7 категории. Дуклески освои 8 нови македонски рекорди, а Чешмеџиевски – 5.
На натпреварот учествуваа и основците Никола Петров, Борјан Бабоски и Никола Димитровски.

Никола Петров

Борјан Бабоски

Никола Димитровски

Родителите на децата што решаваат Рубикови коцки и возрасните кјубери веќе оформиле Македонска кјубинг асоцијација и организираат натпревар во земјава.
– Организираме натпревар во Рубикова коцка во Македонија. Натпреварот ќе биде официјално признат од WCA (World Cube Association), а поканети се да учествуваат сите што знаат да ја местат коцката, без разлика на времето. Ќе се одржи на 2 и 3 февруари вгодина – вели Ристо Чешмаџиески, кој е дел од македонската асоцијација.

Фото: Ристо Чешмаџиевски

Н.Б.З.



912

X