Игротека

Ранко Рајовиќ: „Врсничкото насилство е во пораст затоа што социјалните мрежи велат браво наместо родителите“

Д-р Ранко Рајовиќ во најновото гостување на јутјуб-каналот „Агеласт“ зборува за порастот на врсничкото насилство како последица од социјалните мрежи.

– Кога ќе направиме нешто добро, мозокот дава награда. Што вели мозокот? Потсвесно вели браво, полесно ќе преживееме. Кога ќе направиме нешто добро, мозокот е среќен. И одеднаш се појавува лајкот и децата, за да добијат потврда дека нешто добро прават, ставаат нешто на интернет и добиваат 5, 10, 50 лајкови. Што повеќе лајкови, тие се посреќни, односно поуспешни. Но, со телефоните се зголеми врсничкото насилство. За децата да добијат 100-500 лајкови, тие го снимаат детето што го понижуваат, што го исмејуваат. Потоа го ставаат на социјалните мрежи и добиваат лајкови. Така, мозокот е посреќен и мисли: полесно ќе преживееме – вели д-р Рајовиќ.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top