Докторот по интерна медицина, долгогодишен претседател на Одборот за надарени при меѓународното здружение „Менса“ и соработник на УНИЦЕФ на проектот за рана стимулација на интелектуалниот развој на децата, Ранко Рајовиќ, открива која физичка активност е одлична за физичкиот развој, расположението, развојот на социјалната и емоционалната интелигенција, како и за развојот на мозокот кај децата.

Станува збор за балетот.

-Во балетот има ротација, музика, ритам. Има одредени моменти кога нешто мора да се направи, детето мора да размисли. Тоа е всушност најдобриот можен тренинг за дете во развој – рекол тој.

Додал дека освен на балет, детето може да се запише и на танц или дури и на игроорна.

-Нешто што нуди некакво движење, но изгледа како игра. Додека свири музиката, тие веќе имаат приказна во главата што да прават. Тоа е вистинската работа – нагласил д-р Рајовиќ.

Извор



912

X