Денешните родители често се критикувани за сè: дека се премногу фокусирани на своите деца, дека премногу ги разгалуваат, дека се премногу нежни, дека премногу попуштаат… Многу луѓе го мислат ова, па дури и оние што така се однесуваат и постапуваат со своите деца. Но, некако не мрдаме од таа точка.
Така мисли и Рајан Рејнолдс, актерот во моментов најпознат по улогата во „Дедпул“. Пред неколку дена тој бил гостин на конференцијата за технологија „Инбаунд“ во Бостон, каде што рекол дека смета оти родителството се променило од неговото детство, а денешните мајки и татковци ги нарекол „меки“ во споредба со претходните генерации.
За време на разговорот, Рајан зборувал и за тоа како целосно се променил начинот на кој ги прифаќа своите чувства откако учествувал на работилница за решавање конфликти.
-Тоа го промени целиот мој живот. Едноставно не знаев како да ги обработам работите што ги чувствував.
Рајан објаснил дека пораснал во многу „оскудна состојба на умот“ кога станува збор за чувствата, забележувајќи:
-Не знаев како да го развијам тоа нешто во мозокот што те условува да сакаш секогаш да победуваш или да бидеш во право.
Работилницата на која присуствувал му помогнала да научи дека „можеш да се најдеш со некого и не мора да бидеш во право или не. Може да не се согласуваш и сепак да се поврзете“.
За време на конференцијата, актерот, исто така, ги споредил денешните стратегии за родителство со оние на кои тој бил израснат.
-Имам четири деца и досега се чини дека ниту едно од нив ги нема овие проблеми, делумно затоа што се родени на „Лесна улица“ – рекол тој со насмевка, алудирајќи на истоимената песна.
-Родителите се толку различни денес. Ние сме толку меки. Не викам. Јас пораснав со тоа, тоа беше импровизирана полиција, а сега можам да ги погледнам сите мои ресурси за родителство и да се потсетам како да бидам совршено сочувствителен – забележал Рејнолдс, размислувајќи за родителството, па и ги советувал родителите дека понекогаш едноставно мора да го „прифатат хаосот“, особено кога имаат мали деца.
– Само помислете, по 30 или 40 години, што сѐ би биле подготвени да дадете за да се вратите назад и да уживате во овој момент – истакнал тој за време на епизодата од поткастот „Не е слаб, но не е ни дебел“.
Автор: Наташа Крстичевиќ
912