Тоа и го помислив вчера кога на шеталиште ги видов децата на играчките автомобили што се лулаат. Ги знаете оние автомобили кога се ставаат пари, па тие почнуваат да се лулаат, да светат и свири музика? Во мојот мал провинциски град ги има дваесетина. И тоа е добро. Шетате со децата, па малку ги забавувате. И тоа е сосема во ред. Сè до вчера кога видов дека на сите тие играчки автомобили децата имаа екран пред себе. А на екранот, цртани.

Ајде од почеток. Родители/баби/дедовци/тетки, кој и да го шета тригодишното дете надвор, го изнел од куќата во која (најверојатно) гледало цртани. Методот оддели го од таблетот, облечи го во последната мода и однеси го на воздух е постигнат со неверојатен успех – детето на воздух и на играчките автомобил гледа цртани! Браво!

Мајката/таткото/бабата/тетката стои покрај автомобилот и уште му/ѝ фали лист за да го лади малиот принц или магичната принцеза. Во другата рака е мобилниот телефон. Се разгалуваат. Или едноставно мораат да го исклучат мозокот. И тоа е човечки. Обидете се да ја запрете ураганската сила на тригодишно дете, па потоа осудувајте.

Значи тука не е проблемот во цртаниот филм, ниту во мобилниот телефон, ниту во таблетот. Проблемот е „морам да го исклучам мозокот“.

Некогаш одамна исклучувањето на мозокот и воопшто не беше потребно. Се будевме, работевме, се одмаравме и навечер мозокот, благодарение на уморот, се гасеше сам. Децата, замислете, трчаа! А најинтересните цртани беа скалите. И така децата се успиваа на пат кон дома. Ќе кажете – тогаш немало толку стрес. Можеби. Но, едно е сигурно – нам и стресот ни беше биогориво.

Во денешниот натпревар стресот води уште од самиот почеток. Од оној детски почеток. Бидејќи ние така ги учиме нашите деца. Детето и понатаму е дете. Блазе него! Знае што живее! А погледни ме мене. И тука започнува: готвам, перам, одам на работа, шефот повторно зборува, доцнам со отплатата на кредитот, ме притискаат во банката, ме притискаат на работа, ме притискаат дома. Дај дете, пушти ги цртаните! Уживај! Еве и тато ќе гледа на телефон. Цртани? Да, цртани. Па тогаш во дует или цело семејство гледа цртани. „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Маша и Медо“, „Mи смо пиличи“.

Да ви кажам, ние сме будали! Раѓаме гении, па од нив правиме неспособни лица.

Гледаме како некои луѓе од другата страна на Земјата уживаат во базен. Тие се среќни.

А не гледаме, бидејќи гледаме во тој мобилен, дека нашата ќерка првпат сама реди коцки. Не лего, обични коцки. А нашиот син расклопува автомобил за да види што има внатре. Тие двајцата лежат на подот и мислат. Таа влегува во собата, има налакирани нокти и уредно исчешлана коса. Облекла тренирки како да се спрема за час по физичко, го пакува ранецот и значително ја подигнува едната веѓа.

„Оставете сè што правите, одиме во природа!“

Верувајте, како во бајка, со овие магични зборови започнува магијата. Само треба да се сетиме да ги кажеме.

Абракадабра!

Автор: Србијанка Станковиќ / Лола Магазин



912

X